ЅИДАНО ГРАДСКОТО КОРИТО ПРЕД СТОЛЕТИЕ

Прилеп 1915 година. Долж, Градската река – денес Кеј 1- ви мај, од кај Старата гимназија, односно училиштето “Кочо Рацин”. Правлива улица или калдрма, трошни куќички како мудбачиња потсетуваат на древноста на прилепскиот дух. Годините се повоени, кога сé уште се шетале униформирани војници со жителите и селаните од околината. Чези или магариња, селска облека или градски костумосани шеширџии… Само простумот на Градскиот саат и џамијата го оддаваат наличјето на градот. Сеедно. Уникатно делче од темпото на провинцијата. Бавен премин од мизеријата кон цивилизацијата.

Loading