ВЕЌЕ МИРИСА НА НОВОГОДИШНА АРОМА

Нова година на прагот. Полека се декорира центарот во новогодишно руво, со шаренило, со светлечки украси. Разголените гранки на дрвјата се красат со ламбички, се дотеруваат и канделабрите, л’снуваат фонтаните, блештат бандерите, сјаат Градскиот саат, централната сообраќајница, плоштадите … Не е важно дали ќе падне Дедо Мраз со падобран, или ќе дојде со санка и елени, носејќи подароци во црвената платнена чизма. Новогодишното славење допрва следува. Важно е да ‘рска во различни бои големата елка и да зрачи радост и среќа. Тезгите со украси се како од фантазиите и филмовите. И училиштата во предновогодишен транс… Насмеани, расположени, децата креират честитки, лампиони, елки, дедо мразовци, снешковци… Каде за Новата? Двојки, друштава размислуваат, есапат до последниот договор. Повеќето ќе слават со песната на Владо Јаневски и со рефрените на дуетот Селимова – Желчески на плоштад. Ќе се завие и оро, ќе забавува и дискџокејката Вера Јанковиќ.

Loading