ЖИВА КАЛ ВО МРТВА ДАБНИЧКА

Погледот на фотографијата е од некој агол зад Участакот, односно Меморијалниот музеј “11 Октомври”.    Надојдената Дабничка река залегнала низ градот во далечното минато. Саат кулата и минарињата на џамиите се знаци кои укажуваат на древноста на Дабничка. Интересна е градбата од плитари, кога градот, бил една населба со провинциски особености. Природниот ритам на Дабничка река, калта или плиткото дно каде се ширела реката, наложуваат да се канализира. Високите тенки тополи крај течението, калливите улици, се другото лице на Прилеп. “Другата во него”. Селски манири, градски шмект и жива кал налик на песок – со векови се реси. Сега текот на Дабничка е под земја. Од атарот на село Дабница, оди преку населба Тризла, зад Поштата, Меморијалниот музеј и се влива во Градската река која некои ја нарекуваа Оревоечка.

Loading