НОВОГОДИШЕН ПАНАЃУР ВО ЦЕПЕНКОВ

Холот во ЦК “Марко Цепенков” тежи – лежи од детски играчки, елки, лампиони, новогодишни украси, честитки… Разни снешковци, Дедо Мразовци, новогодишни венчиња. Тргна новогодишната еуфорија. Луѓето се мераклии да се израдуваа за смената на старата и новата година. Сакаат да го декорираат домот во новогодишен блескав сјај. И затоа продавачите на дребулии тријат раце, но и нудат пристојни цени за задоволство и новогодишен амбиент. За оној кој купува обично се високи, а за оној кој нуди ефтини или нормални. Но, за Нова година, вообичаено се пуштаат нозете, малку повеќе од јорганот, да се смени барем за неколку дена “домашното руво” и да се израдуваат најмалите. Граѓаните полека се прибираат на затворениот новогодишен мал панаѓур да направат скромна “дедомразовска вреќа” за Новата 2011 година.

Loading