НАМЕСТО ДОМА, КАЈ ФЕНИ НА ГОСТИ

Кошарка

Со редењето на паркетот во арената “Сонце”, и кошаркарскиот прволигаш Ултимејт баскет не може да игра со лидерот Фени. Мечот в среда се преместува во Кавадарци. Со најсилниот противник, ќе дадеме максимум – велат од У. Баскет. Зачестија порази, на гости од Куманово, Пелистер, Работнички, Торус, дома од МЗТ и во саботата од Лирија (81-84). Расположението падна, а утревечер претстои гостување на Овче Поле во Свети Николе. Тешка задача по шокот со Лирија. Ќе се бориме во Свети Николе – порачуваат од У. Баскет. На табелата Ултимејт баскет е седми.

Loading