АЏУЛЕСКА СТАНА КРИЛО

Ракомет: Нови решенија во Жито Прилеп

Софија Аџулеска, поранешниот среден бек, играше десно крило во Жито Прилеп, според барањата на тренерот Ристо Магдинчев, на мечот дома со Гевгелија (24-22). Постигна два значајни гола, докажа дека може во нова улога, како замена за болната репрезентативка Марија Папуџиева. Со алтернативите и изменет состав сме подобри од Гевгелија, но не толку за лесно да ги добиеме – рече Магдинчев. Победено беше Кичево на гости, а в среда (16 ч.) е последниот есенски меч дома, со скопски Вардар. Со трите бода остануваме на врвот. Напролет со Металург е борбата за титулата – вели Магдинчев. Турнирот во Романија, кон крајот на декември, е откажан. Преостанува вториот, во јануари, во Турција.

 

Гркинките “снимени”

Магдинчев беше во Птолемаида, Грција, каде го “снимаше” домашниот Арион, ривалот во февруари, во осминафиналето од Челенџ купот. На првенствен меч во саботата загубил од Панахлитикос со 28-29. Силни се колку Гевгелија. Кај нас би биле в средина. Имаат добар десен бек, единствената репрезентативка. Имаме шанси да ги елиминираме – смета Магдинчев.

Loading