МЕСТОТО НА 11 ОКТОМВРИ Е МЕЃУ ПРВИТЕ ТРИ ПРВОЛИГАШИ

Фудбал: Благојче Рутески, лев бек

Реткост е клуб да има ваков спонзор – смета битолчанецот

Третото место на 11 Октомври, во есенската второлигашка полусезона е задоволително за навивачите, управата, спонзорот Витаминка и играчите. Битолчанецот Благојче Рутески смета дека успехот најмногу се должи на Витаминка, зашто клубот ја има привилегијата да има здрав грб зад себе, кој не треба да се изневери, туку да се оправдаат вложувањата во услови…. Реткост е во државава, додека се мачат многу клубови. 11 Октомври стои одлично со изгледна перспектива – вели Рутески. Поранешниот печалбар во Португалија и Словенија, секогаш играше во средината. По вториот есенски меч се префрли на левата страна. Се повреди Карески и ја прифатив задачата. Одговорив на потребата на тимот – истакнува Рутески. Напролет успех е само пласманот во елитата. Цел Прилеп како леб очекува прволигаш по една година. Претстојат 13 тешки меча. Професионален погон на докажани играчи. Не случајно го надигравме Металург. Трибината се преполнува и возвраќаме со победи. Одиме на врвот заедно и со Мегленски. Местото не ни е само на врвот од втората лига, туку меѓу првите три прволигаши – смета Рутески. Играчите го користат зимскиот одмор, планиран да трае 40 дена. Собирот е околу 15 јануари 2010.

Тројца битолчани

Продолжува традицијата на доведување битолчани. Во ФК 11 Октомври, покрај Рутески, од “конзулскиот град” се голманот Пеце Коруновски и напаѓачот Драган Димитровски. Однадвор се уште Владо Данилов, Горан Пројков, Мартин Јанушев, Владимир Мојсовски. Сепак, најбројни се прилепчани.

Loading