КЛУБОТ ДАВА ОПТИМАЛНИ УСЛОВИ

Тони Наумоски, координатор на млади категории во 11 Октомври

Управата на ФК 11 Октомври и спонзорот Витаминка се ориентирани мнозинство играчи да се од Прилеп. Стратегијата е насочена и во младинските категории. Резултатити излегуваат со исфрлање на површина на таленти. Младинците на Тони Наумоски се седми, кадетите на Божо Милошески петти, а пионерите на Борче Ангелески и Владо Димоски први во регионалната. Клуб со оптимални услови со терен за тренинзи, натпревари. Сé функционира беспрекорно – задоволен е Наумоски. Пионерите го надиграа Пелистер во Битопа 2-2, дома 1-0 и чекаат четвртфинале со останатите прваци. Кадетите се пласираа над Пелистер, Металург, Шкендија, Напредок, Вардар… Достижно е второ место. Лидерот Македонија е недофатлив, а втората Слога ја стасуваме. Треба да сме втори, а во купот – финале – најавува Наумоски. Младинците се солидни, седми, но можеа повеќе. Добро стартуваа, слабо продолжија. Има и оправдани отсуства, но тинејџерите сакаат шетање, компјутери. И родителите се фактор. Без “жртви” не се станува врвен фудбалер – заврши Наумоски.

Loading