БЕЛДЕН ЗА “РАЗГОВАРАВ СО НИВ” ОД ВОЈО МАНЕВСКИ

“Разговарав со нив” од Војо Маневски вчера беше претставена во Библиотеката. Објавени се интервјуа со личности од политичкиот живот на Македонија во последните три години на 360 страници и со 20 фотографии. Промотор беше писателот Трајче Кацаров. Публикувани се интервјуата со претседателот Ѓорѓе Иванов, премиерот Никола Груевски, поранешниот претседател Бранко Црвенковски, со осум актуелни министри, поранешни претседатели на политички партии, генерал, митрополит. Авторот Маневски пред секое од интервјуата изнесол свои импресии за личноста на соговорникот.

Loading