ТРИУМФАЛНО НА КРАЈОТ

Младинци

Младите категории од ФК 11 Октомври триумфално го завршија есенскиот дел од првенството. Во Штип кај Брегалница, кадетите победија со 0-2. Составот предводен од Тони Наумоски и Божо Милошески со трите бода е на високото петто место од табелата на првата лига. Младинците со истоимениот ривал одиграа 0-0, но поради неправилности во домашниот состав, се очекува службена победа на 11 Октомври од 0-3. На есенската табела обезбедено е седмото место. Пионерите на Борче Ангелески “растураат” со ракометни резултати и се убедливо први во својата конкуренција.

Loading