ПЕТРОВА “ЗРЕЛА” ЗА СТРАНСТВО

ЖФК Победа

Младена Петрова (17), една од најдобрите во женскиот фудбалски тим Победа, има изгледи да ја продолжи кариерата во странство. Во клубот се убедени дека виничанката “созреа” за печалба. Одлично стои физички и технички. Може да биде втората Македонка, по Наташа Андонова, со трансфер во западна земја. Шанса се репрезентативните настапи против Италија – смета Блаже Филипоски, тренерот на ЖФК Победа и селектор на младинките. Клубот ќе ја ослободи од обврски само охриѓанката Христина Влавческа. Планирани се засилувања. Ќе ја освежиме одбраната. Не е исклучено да донесеме и голманка за резерва – најавува Филипоски. Есенски првак е скопско Наше такси со подобра гол – разлика и 22 бода, исто колку Победа.

Loading