ОБНОВЕНА ШКОЛА

Реактивиран е младинскиот фудбалски клуб Викторија 98 на Петар Стеваноски – Персио и Горан Ѓорѓиевски. Со малите фудбалери работат во салата Партизан. Не можевме без одземените соблекувални кај Спортскиот центар. До пролет имаме надеж за нов терен – вели Ѓорѓиевски. Од школата излегоа фудбалерите Илија Несторовски, игра во првата, Зоран Даноски – Шукер во втората чешка лига. Во второлигашот 11 Октомври се Д. Кебакоски, В. Петрески, С. Дунимаглоски, во третолигашите, Младост – М. Трајкоски и Г. Колчакоски, во Победа јуниор – Д. Трајкоски, Х. Јанкулоски, Д. Котески и З. Котески. Комплетен 11 член тим. Успехот е сатисфакција за сите – констатира Стеваноски.

Loading