“ ТАПАНИ ВО НОЌТА “ ЗА 60 ГОДИНИ ТЕАТАР

Со “Тапани во ноќта” од Брехт во режија на Мартин Кочовски, театарот утревечер ќе одбележи 60 години. Во чест на роденденот актерите ќе ја одиграат претставата во 32-то издание, бидејќи е оценето дека и со наградите претставува врвен уметнички чин. Претставата остави без здив многу публика не само низ земјава. Прилепскиот триумф го претстави македонскиот театар на блескавиот од кон врвот. Ги освои наградите на МЕСС Сараево, на МТФ, гостуваше на сите балкански театарски сцени. Не помалку успех постигнат е со “Крпен живот”, “Кавкаскиот круг со креда”. И најновата “Антица” покажува одличен театарски продукт, зашто се бара влезница повеќе. Моментно во театарот се подготвува “Маратонците го трчаат почесниот круг” во режија на Кирил Петрески, која премиерно ќе се прикаже до крајот на годината.

Loading