ПРЕВОД НА КОНЕСКИ ВО СПОМЕН КУЌАТА ВО НЕБРЕГОВО

Препев на “Ноќ спроти Водици” напишан со ракопис на Блаже Конески донира професорот Александар Попоски во спомен куќата на големиот македонски лингвист во селото Небрегово. Ракописот му го дал актерот Илија Милчин и му оставил аманет да го однесе за експонат во спомен куќата на Конески. Поезијата е превод на Конески, а прозата е на Илија Милчин. Датира од 1950 година. Се гордеам што исполнив аманет. Текстот му припаѓа на Небрегово – рече професорот Попоски. Ракописот е единствениот оригинал во спомен куќата на Конески во Небрегово. Надлежните од Завод и Музеј велат дека ваквите ракописи нема да бидат последни. Музеј куќата на Конески е отворена пред пет години, по реставрацијата.

Loading