“СТРИПОВИ БЕЗ ГРАНИЦИ “ ВО БИБЛИОТЕКА

Меѓународен стрип салон, насловен “Стрипови без граници”, е отворен во Библиотеката. Над 60 автори од 24 земји, меѓу кои Малезија, Франција, Кина, Словенија, САД, се претставуваат со современ стрип цртеж, дела инспирирани од магијата на сонот. Претставен е и првонаградениот стрип “Луна” на Восток и Габровски, објавен во посебен албум на 64 страници. Организацијата е на Центарот за визуелни уметности “Визант” во соработка со “Трон арте”.

Loading