ЈАВЕ ЗА “ ЗБОРОВИТЕ СЕ ЗАБОРАВААТ НАПИШАНОТО ОСТАНУВА “

Промоција во Библиотеката

Промоција ќе доживее новата книга македонски поговорки, мудрости и изреки од авторот Тодор Алексоски, Зборовите се забораваат – напишаното останува” вечерва од 19 часот во Библиотеката. Двотомното издание ќе го промовираат д-р Боне Величковски, д-р Владимир Караџоски и д-р Виолета Крстеска. Книгата со 30 илјади единици е прв обид, поговорките, мудростите и изреките да бидат презентирани на литературен македонски јазик. Поговорките, како куси изреки, се дел од македонскиот фолклор. Некои ги собрав, обработив и преработив, некои сам ги напишав. Ги има насекаде, во делата на Марко Цепенков, на Филип Каваев, Кирил Пенушлиски, Боне Величковски, Ахил Теохарев, Апостол Поп Јовановски, Петко Домазетовски, во делата на романсиерите Стале Попов, Петре М. Андреевски, Благоја Алексоски. Забележав од пријатели, познаници кои несебично ми ги раскажуваа како драгоцени мудрости. Ги преработив на литературен македонски јазик за да бидат подостапни за читателот, не нарушувајќи ја оригиналноста – вели Тодор Алексоски. Авторот ги издал книги за работните односи, учебникот “Право за економисти”, Коментар на Законот за работни односи, “Правен советник” и книгата “Говорете македонски”. Член е на ДНУ.

Loading