РЕЖАЧ НА ТУТУН СТАР 110 ГОДИНИ

Нови експонати и каталог за Музејот за тутун

Музејот за тутун е збогатен со нови 522 експонати, откупени низ пазарите од Македонија, Германија, од комисиони, приватни колекционери, трговци со артефакти. Поставени се режач за тутун стар 110 години, лиценцна табла од Кралството на Србите, Хрватите и Словенците, цигарети на Тутунски комбинат од 1946 година, единствен пепелник во светот “Софиските трудбенички”, луле од слонова коска, други лулиња, чибуци, пепелници, кутии од цигари, шандани, кибрити, наргили, рекламни кутии. Новите експонати покажуваат дека Тутунскиот комбинат изработувал цигарети уште во 1946 година, а не како што се знаеше од 1955 година. Експонатите се историјата на Македонија преку тутунот. – вели Александар Цветкоски, виш кустос во Музејот за тутун. Музејот поседува збирка од над 3000 експонати, уметнички дела, фотографии, макети на објекти од манипулација со тутун и дел арте предмети од тутун. Етаблиран е како привлечна туристичка дестинација. Отпечатен е и каталог на македонски и англиски јазик на 102 страници, каде преку збор и фотографии е раскажана историјата и потеклото на бројните експонати.

Loading