СЛИКИ ОД “ ДРЕН” ВО КРИВА ПАЛАНКА

Триесетината слики создадени од 13 учесници на ликовната колонија “Дрен” ќе се изложат во Крива Паланка. Изложбата е во рамките на манифестацијата “Денови на Центрите за култура на Македонија”. Публиката ќе се запознае со дел од содржините на дејностите на ЦК “Марко Цепенков”. Ликовната колонија “Дрен” се организира веќе три години во манастирските конаци во селото Дрен, каде творат дваесетина ликовни уметници од земјава и пошироко.

Loading