ШИРОК МОСТ КАЈ ГРЧКАТА ЦРКВА

На фотографијава е насликан мостот на Градска река во близина на црквата Свето Преображение. Се наоѓал пред читална Надежда, каде се собирале напредните градски мислители. Крај реката куќите биле типски, веројатно чорбаџиски и занаетчиски. Времето било поскромно без многу бука за науката, па возните паркови биле прилагодени со арабаџиски коли или пајтони и чези. Куќите, кои биле дел од центарот, сведочат и за промени во начинот на животот. Носат товар на спомени кои се историски вредни за градот, за преродбата. Не им умира никогаш гордоста и се поклонуваат на културните зданија во централното ,,маало,,. Пркосот и опстојувањето на Саат кулата и дел од минарето на џамијата се стожер околу кој се врти и поновиот градски живот.

Loading