Ана Тодороска, манекенка
Ана Тодороска е 22 годишна прилепчанка. Четврта година е на Филолошкиот факултет. Добро “плива” во манекенството веќе три години. Член е на модната агенција New Look. Од 18-ти до 24-ти ќе ја претставува Македонија на изборот Miss Gloub Internacional, во Истанбул, Турција. Возбудена е и среќна што ќе биде учесник. Единствена девојка сум од Македонија. Силна е конкуренцијата меѓу девојки од 80 земји од Европа, САД и Австралија. Очекувам успех – вели таа. Била нај Фешн Тв, на Мис бикини, на Мис Морел. Сонувала да биде манекенка, но на сцената застанала пред три години. Тлееше желбата и се качив на манекенската писта. Среќна сум, исполнета и пријатно се чувствувам. Не лесно и учење, и модните ревии. Успевам да ги синхронизирам – вели Ана. Згазнала на патеки на модни ревии во Македонија, Србија и Бугарија. Сака да носи облека претежно во црна и бела боја. Се чувствува исполнето кога презентира нови колекции.