ПОТВРДЕНИ РЕПРЕЗЕНТАТИВКИ

Карате

Успешно изборно кадетско – јуниорско првенство за прилепските каратисти. Од КК Ронин на Златко Димоски, местото во репрезентацијата на ЕП, го потврдија: ката тимот (Поликсенија Јованоска, Марија Матракоска, Тијана Колеска), плус поединечно Зорица Спиркоска и Јованоска, двете надмоќни со по 5-0 кон сите ривалки. Клубот е задоволен со резултатот и на државниот училишен натпревар, најмасовен досега. КК Ронин има 16 медали, а “златни” се: Мишела Димоска, Поликсенија Јованоска, Даниел Петкоски. Како и секогаш, одлични и членовите на КК Лукас, на Ахил Јаков – Златко Настески, со пет медали, од кои два “златни”: Звонко Николоски и Сање Цветкоска. Меѓу 70 училишта, прво место освои ОУ “Св. Климент Охридски”.

Loading