Бокс
Веселин Кочоски, најмладиот европски професионален боксер, в недела заминува во Србија. Предводен од менаџерот Дарко Чатлески, ќе реализира седумдневни подготовки во Земун, за мечот во јануари, во Златибор. Во друштво сме на познатите, Босанецот Бухаралија, Србите Пиперски, Кукиќ, Црногорецот Радошевиќ – вели Чатлески. За тренинг се користи кампот каде претседател е Мирослав Боровчанин, брат на Ненад, 14-от од ранг листата на светската ВБЦ верзија.