РК ФИЛИП КОН ВРВОТ

Во спортска арена “Сонце” в недела (13 ч.) е машкиот, кадетски првенствен ракометен дуел РК Филип – РК Портал Битола. Домашниот тим на Александар Танески, Зоран Бошкоски и Илија Иваноски, е засилен со играчи од некогашната школа на ТК Бренд, Спасески, Тодороски, Василески и Н. Ристески. Со три бода одиме кон врвот, доколку лидерот, битолски Конзули, загуби. Размислуваме само за триумф – вели Танески. Боите на новиот клуб ги бранат: Јорданоски, Силески, Јанески, Стојчески, Крстески, Петрески, Коцески, Цветкоски, Иваноски, Тодороски, Божиноски, Велески, Трајкоски, Славески, Аврамоски, М. Ристески, Стојаноски и Урдиноски. Екипата има пораз, реми и три победи, последната на гости 12-16 над Тиквеш во Кавадарци.

Loading