ПОДАЛЕКУ ОД “ЛАЖНИ” ЗАСИЛУВАЊА

Ракомет: Во Жито Прилеп внимателни при избор на новите

На некои им пуштаат да даваат голови да ги продадат. Многу ракометарки се нудат на кандидатот за титулата во женската Супер лига, Жито Прилеп, но во клубот се внимателни. Во голема полза е огромното искуство на Ристо Магдинчев, долги години тренер во странство. Не е добро само да земеме нови, туку да се подобрата расположливите. Тоа се вистински засилувања. Внимаваме на “трикови”. Со едно гледање не сецени дали вреди или не. Се случува противничкиот тим намерно да ги пушти, да се изнадаваат голови. Оценката се дава по следење на повеќе мечеви. Така се носи конечната одлука – советува Магдинчев. Нови кандидатки има од земјава и од странство. Приоритет се позициите голман, десен бек и пивот. Има место уште за неколку, да се соберат меѓу 12 и 14 првотимки. Мал фонд влегуваат во игра, само осум – девет. На три фронта, домашни куп и првенство, плус Челенџ купот, мораме да одиме со поброен кадар. Можно е позајмување од македонски клубови, да имаме повеќе измени од клупата – истакнува Магдинчев. Тимот се кали со силни ривали. Тестот е романската Крајова. Од 22 до 25 декември е планиран турнир во Романија, а во јануари во Турција, проверки пред Челенџ пресметките во февруари со грчкиот Арион.

В недела доаѓа Гевгелија

В недела (13, 30 ч.), во сала “Македонија” е првенствен дуел Жито Прилеп – Гевгелија. Гостинките доаѓаат по изненадување. Во составот е прилепчанката, репрезентативен пивот, Кристина Илиоска. Домашните атакуваат на 11-та победа. Магдинчев смета на трите репрезентативки, кои дадоа придонес во успехот на Македонија во Грција, голманот Дијана Наумоска, бекот Весна Ацковска и крилото Марија Папуџиева.

Loading