ЈОВАНОВИЌ И 2000 НАВИВАЧИ = ТРИУМФ

Кошарка

Центарот Ѓорѓе Јовановиќ по еднонеделно отсуство се враќа во Ултимејт баскет. Лекарските прегледи во Белград покажаа подобрување на здравствената состојба. Веќе одржа три тренинга, подготовка за настап против Лирија, од чии резултати се гледа дека здравствената состојба му е подобрена. Приклучокот на тренинзите значи сигурен настап в сабота (19 ч., Арена Сонце), против скопска Лирија. Продолжуваме со победнички состав – задоволни се во У. Баскет. У. Баскет мора да се извлече од “калта”. Доживеани се порази од Куманово, МЗТ, Пелистер, Работнички и Торус. Очигледно, само комплетниот тим може до успех. Фактори се кошгетерот Јовановиќ и публиката. Ако не поддржат 2000 гледачи, како со МЗТ, триумфот е наш – порачуваат од клубот. Води Фени со 22, а У. Баскет е петти со 15 бода.

Loading