ПРАШАЛНИК ЗА ЈОВАНОВИЌ

Кошарка

Центарот Ѓорѓе Јовановиќ е под знак прашалник во Ултимејт баскет. Неизвесен е настапот в сабота со Торус, во Скопје. Србинот и болен беше најефикасен, но очигледно не можеше да издржи. Тешко се најдува алтернативен центар сред сезона. Упатените се надеваат дека има шанси Јовановиќ да го облече дресот. Дуелот со Торус е значаен за тимот на Панче Милевски. Важен е за прекин на серијата порази од Куманово, МЗТ, Пелистер и Работнички. Дури на 11 декември е дуелот дома, со Лирија.

Loading