НОВИОТ ТРЕНЕР ГИ ПРОДОЛЖУВА УСПЕСИТЕ

Гимнастика

Златко Ангелески, тренерот на клубот за гимнастички спортови, заминат во Австралија, доби одличен наследник во поранешниот врвен гимнастичар Валентин Ангелески, воедно претседател. Првиот натпревар, завршниот Државен во Битола, први места освоија помладата јуниорка Емилија Јовеска, јуниорите Ивана Јанкоска и Дино Бошњак. Не е изнедување, оти Прилеп е извор на гимнастички таленти – смета Ангелески. Ангелески беше гимнастичар во поранешна Југославија. Беше тренер во Битола и Скопје. Се врати дома. Професионално се посветив. Тренираме напорно, често по пет часа дневно за подигнување на секој член повисоко ниво. Условите не се добри со години. За подобри резултати, нужни се подобри услови – порачува Ангелески.

Loading