МЕДАЛИ СО СТАРИ ПУШКИ

Стрелаштво

Младите прилепски стрелци излегоа вистински јунаци на државното првенство за основци и средношколци во Велес. Пукаа прецизно со стари, дотраени пушки и освоија најмногу медали. Први места зедоа: кај основците Филип Бурнески (ОУ Б. Конески) од клубот Нишан 08, меѓу среднистите Христијан Здравески (Н. Н. Борче, Крушево) од Стрелец 09, како и екипите на ОУ “Б. Конески” и Гимназија “М. Ацев”. Втори се основците Христијан Анѓелевски (ОУ К. Гаврилоски) од Херој Прилеп, Викторија Тренкоска (ОУ Д. Јованоски) од Стрелец 09, меѓу среднистките Ангела Стојаноска (Гимназија М. Ацев) од Х. Прилеп. Трети се: Антонио Николоски (ОУ Б. Конески), Јулијана Димитриеска (Гимназија М. Ацев), двајцата од Стрелец 09. Заслуга е и на клупските тренери Трајче Дамески и Славчо Трајкоски. Прилепското стрелаштво има светла иднина, но треба поддршка за услови, стрелиште, опрема… По долгогодишниот застој, има шанси да се вратиме на старите позиции – смета Гоце Ѓорѓиоски, професор од Гимназија М. Ацев, тренер на Стрелец 09.

Loading