ПАМУК НИ ЗА ЛЕК

Не е поминато времето кога индустријата цветаше. Иако впечаток е дека е замрено производството, разретчени се автобусите до големите фабрики кои цветаа во 80 – тите години, но фактите говорат друго. Прилеп бил и сé уште е град на индустрија. Можеби не со гиганти како во меморијата на постарите трудбеници, но малите фирми светкаат со ефектива и полн капацитет. Ја нема “Билјана” која продуцираше памучен конец од огромните сали со над илјада работници. Или “Политекс” во близина, која произведуваше мешавина од памучен конец со синтететка. Во просторите на некогашните текстилни извозни гиганти сега се произведува облека во конфекциите и се “тераат” помали бизниси за замена на “памукот”. Малото може да вивне, а големото може да спласне. Така е и во економијата.

Loading