МОЗАИК ОД СВЕТИ ЛИКОВИ ДОМА

Во собичка во куќата на Бектешовци се “сокрила” верба и молба во Бог. Домаќнката Верица со 77 години, мирот го бара од шаренилото на ликови кои и говорат од катчето со икони и слики. Дел í се подарени, а дел се купени. Во левиот агол во собата, во која вели, дека не смее нечист да влезе, поблиску до срцето, ги сместила иконите на Мајка Богородица, Злата Мегленска, Св. Ана, 40 – маченици, а најстарата икона е од Пречиста… Од долап, камарче за ситници, никнал импровизиран мал иконостас. Мозаик за мисла, за спокој и молитва до Бог, исплетена од Верица. Верник е, со дага во семејството и со волја за опстанок со сопругот Трајко. Постот и е дар, радост, одмор на душата, оддалечување од лоши мисли. Утре е Пречиста. Домаќините се подготвуваа за празникот за кој ќе светне кандилце. Сакам да прошетам и по манастири и цркви и да се помолам за утеха во Божјите храмови. Палам кандилце, имам темијан, ако сака некој може да остави денарче кај иконите, за в црква – вели Верица, горда што меѓу поклонувачите на иконата со Исус е и онаа од внукот Аце, купена во Германија.

Loading