ЕКОЛОШКИОТ СЕНС

Точно 46 планинари од ЕПД “Картуш” ја исчистија патеката до манастирот Свети Спас и до село Бирино – Крушевско. Ги отстранија гранките кои пречат, израстените капини и ја обележаа планинарската патека. Потоа, слатко уморни, се насладија на гравчето во казан, зготвено во пазувите на манастирот Свети Спас, подарено од мајсторилакот и душата на стариот планинар Благоја. Планинарите на “Јане Сандански”, со повеќе од 500 гости од цела Македонија, Србија и Бугарија, учествуваа во славјето на 30 годишнината од ПД “Ентузијаст” од Струмица во хотелот Цар Самоил. Ги посетија манастирите во Водоча и Вељуса и по пешачеа по патеката од центарот до манастирот Св. Илија. Останатите планинареа на Селечка – Дуна Нива, Шаќирова чешма до манастирот Св. Никола кај селото Прилепец.

Loading