НИКОСКА СО КОНЦЕРТ ВО СТРУМИЦА

Виолинистката Софија Никоска извезе уште една нитка на богатата класика, овојпат во пијано придружба на Елена Атанасовска – Ивановска на концерт во Струмица. Се претстави со CIACONNA од Јохан С. Бах и Концерт за виолина и пијано во D dur од Јоханес Брамс, за што доби заслужен аплауз. Никоска е добитник на бројни награди и учесник на повеќе музички натпревари, концерти. Вели дека музиката и виолината í се нејзиниот живот. Сон í се концерти на светските сцени, во Карнеги хол и во Германија. Неодамна таа имаше успешен концерт, заедно со пијанистката Мелани Рувческа во родниот Прилеп, а во понеделник настапува со симфонискиот оркестар на ФМУ.

Loading