ПРОМОЦИЈА НА ВЕСНИКОТ “НАРОДНА ВОЛЈА “

Промоција на весникот “Народна волја” кој се печати на македонски јазик во Бугарија, ќе има утре напладне во Библиотеката “Борка Талески”. Ќе говорат презентерот Драги Башески, како и уредниците мегу кои и Јан Пирински, неговите творци и соработници, професорот Стефан Влахов – Мицов, Стојко Стојков и други. Весникот излегува еднаш месечно. Годинава го одбележува 30 годишниот роденден. “Народна волја” е македонски весник за теорија, историја, култура и уметност и се печати во Благоевград. Во рамките на промоцијата ќе бидат положени свежи цвеќиња на Могилата на непобедените и на споменикот на Методија Андонов-Ченто.

Loading