КОШКА ЈА ИЗВАЈА МАЈКА ТЕРЕЗА

Јапонскиот уметник Риота Кошка, кој пред повеќе години престојуваше во градот, изработи скулптура на Мајка Тереза. Делото е изложено во црквата Missionaries of Charity во Токио. Сакајќи да ја одбележам 100 годишнината од раѓањето на Мајка Тереза, ја изработив скултурата и ја подарив на црквата во Токио. Вајањето беше предизвик и потсетување на мојот престој во Македонија – ни пишува Кошка. Јапонскиот скулптор создаде женски акт во мермер во Прилеп, а пред две години изработи мермерен рељеф на Тоше кој му го подари на семејството Проевски. Кошка создаде многу пријателства и научи одлично да зборува и пишува македонски.

Loading