ТРИ СО РЕД НА ГОСТИ

Кошарка

Нема спас од играње настрана на кошаркарскиот прволигаш Ултимејт баскет. По завчерашното дерби во Битола, со Пелистер, следат дуели во Скопје., со Работнички и Торус. Таков е распоредот. Мора да издржиме – велат во У. Баскет. Добра вест е оздравувањето на Бојан Лазиќ и Ѓорѓе Јовановиќ. Со нив е полесно. Бодови од гости се добредојдени. Максимум да вложиме и се е можно – оптимисти се во У. Баскет. Навивачите ќе причекаат уште две кола да видат дуел дома со Лирија. У. Баскет е во средината на табелата.

Loading