СТАТИВИ СО “МЕВ”

Историја

Фудбалската инфраструктура во градот денеска не задоволува, без ниеден 100 насто по европски стандарди дотеран објект. Ништо подобро не било во минатото, иако се фалат “старите добри времиња”. Највозрасните се сеќаваат на Градски стадион без ниедно “ве-це”, нула седишта на трибини и оградни ѕидови, кои сами паднаа поради неквалитетен материјал.

До средината на седумдесеттите, во прочуената втора југословенска лига, Победа со години не менувала ист комплет дресови, а за младинците и пионерите им се давале ем ветви, ем закинати, ем толку големи, што ракавите им виселе. Терен бил нерамен како “нива за компири”, а стативите биле од дрво. Пречката била греда, која од тежината се свиткувала надолу, како да има “мев”. Голгетерите, како Ристо Глигороски, морале 30 сантиметри да гаѓаат подолу од стандардната висина, инаку топката наместо в мрежа, одела в – греда.

Единствено теренот бил за мерак по 1975 година се комплетната реконструкција на меѓудржавен меч мегу Југославија и ДР Германија во млади. Нова трева, рамна како тепсија. а стадионот налик на англиски “Вембли”. Сите ривали со душа чекале да гостуваат во Прилеп, пред повеќе илјади гледачи.

Loading