ЖДРЕПКАТА ВТОРПАТ НОСИ ГРКИНКИ

Ракомет: Жито Прилеп против Арион од Птолемаида

Грчкиот Арион од Птолемаида е противникот на Жито Прилеп, во 1/8 финалето од Челенџ купот. Ждрепката е наклонета, вторпат носи ривал од јужниот сосед, по ланскиот Мегас Александрос, меч во група добиен со службени 10-0. Противникот го посакувавме. Добра шанса за натамошен пласман – велат од Жито Прилеп. Арион се наоѓа близу до Кожани. Во тимот нема странци. Минатата сезона таму беше Симона Гроздановска, а голот го чуваше Дијана Наумоска, сега голманка на Ж. Прилеп и македонската репрезентација. Нешто знаеме за Арион. Има време за информации. Подготвени сме со амбиции да го елиминираме. Ги чекаме на дуелите на 5 февруари идната година на гости и реваншот на 20 февруари, дома – истакнуваат од Ж. Прилеп. Никој не посакува политика во ракометот. Амблемот на Жито Прилеп е истиот, со 16-крако сонце и не би требало никому да пречи. Посветенисме на ракометот, а друго нé не интересира – најавуваат од Ж. Прилеп. Тимот на Ристо Магдинчев триумфираше во Велес кај Леов бартек (26-30).

РК Прилеп исклучен

Дефинитивно е крај за РК Прилеп. РФМ одлучи за исклучување од Супер лигата, по неодиграните три меча со Борец, Пелистер и Куманово. Градот нема машки суперлигаш, ниту клуб. Прекинале младинско – кадетската и пионерската школа.

Loading