СВЕТИ НИКОЛА ЗА НОВАТА ГРАДСКА КУЌА

Икона на Свети Никола во димензии од 200х125 сантиметри веќе е готова да ја краси аулата на новата градска куќа. Иконописецот Орде Стамболџиоски веќе го подготви делото да ги бодри и храбри, не само административците на Локалната самоуправа, туку и на граѓаните кои ќе имаат потреби во новиот објект на локалната власт кој се очекува да биде завршен наскоро. На Стамболџиоски му било предизвик да твори икона за патронот на градот , која ќе ги варди и чува од лошо граѓаните. Првпат сликам толку големо уметничко дело. Големината и светецот ми дадоа посебна инспирација и творечка моќ да не ги оставам четките и низ боите на старите мајстори, да сликам едно ново изадние за видување и благодет на сограѓаните. Толку бев мотивиран, што не го пуштав “алатот” додека не ја завршив. Дали тоа беше светецот или пак големината, можеби и просторот за поставување, не ми е јасно. Знам дека иконата, со вонредни димензии, ме “врза” за колоритите и четките – вели Стамболџиоски. Веќе неколку години, прилепски заштитник е Свети Никола. Градските власти и граѓаните прославуваат на празникот на заедничка церемонија и трпеза на улица. Годинава домаќин е нашиот сограѓанин од Америка, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, кој го зеде домаќинлакот лани од Сашо Самарџиоски, еден од сопствениците на Прилепската пиварница.

Loading