СЕ ПОСТАВУВА “МАРАТОНЦИТЕ ГО ТРЧААТ ПОЧЕСНИОТ КРУГ “

Започнаа подготовките на “Маратонците го трчаат почесниот круг”, по текст на Душан Ковачевиќ во режија на Кирил Петрески. чија премиера се очекува на крајот на декември. Режисерот вели дека “Маратонците…” го претставуваат не само провинцискиот, патријахален дух, не само граѓанскиот салон, туку и секоја друга средина, во која престануваат да се почитуваат законите на природата и правото. Фамилијата Топаловиќ е олицетворение на фашизоиден дух и нетолеранција, облечена во примитивизам и варварство. Хиерархијата на власта се потпира на нетрпеливоста и на омразата. Тоа се личности, во чии корени е моралниот распад. Собрана е негативна енергија, која доведува до експлозија и ја разнесува средината. Фамилијата гази и уништува се пред себе – објаснува Петрески. Играат Димитара Вандески, Петар Димоски, Трајче Иваноски, Најдо Тодески, Димитар Црцороски, Марија С. – Илијески, Цветанка Чавлеска, Димитар Ѓорѓиевски и Зоран Иваноски. “Маратонците…” е трета претстава, работена со поддршка на Министерството за култура во 2010 година. 

Loading