АКТЕР Е ПРИВИЛЕГИЈА

Андријана Бошкоска – Батич, актер во Словенија

Во Словенија се одделуваат повеќе пари за театар

Андрија Бошкоска – Батич е некогашен член на ансамблот на прилепскиот театар. Четири години е актер во Нова Горица, Словенија. Среќна е што е преокупирана со тоа што и лежи и за што се образувала. Моментно игра во претставата “Сезона на атентати”, во режија на Гојмир Леша, што ја прикажува приватниот театар “Тит” во Љубљана. Снимала ТВ серија и со глумата работи и во приватна школа за актерство. Во Македонија изигра 25 улоги, главно во прилепскиот театар. Останаа забележани игрите во “Роберто Зуко”, “Рибарски караници”, “Падот на невиноста” и “Есперанца во Драмски, “Со сила убавина не бидува” во Битолски, во МНТ, Струмица… Се фали дека е добро прифатена и од публиката и од колегите. Во претставата во септември играме две женски и две машки улоги. Соработувам одлично и со режисерот Леша и со колегите, кои се познати и реномирани актери. Почеток беше тежок, оти не го знаев јазикот, немав пријатели во новата средина. Полека сé дојде на место. Многу работев да го совладам јазикот. Мислев оти на сцената се слуша дека не сум Словенка. На првата средба со костимографката, таа не можеше да верува дека сум Македонка – вели Андријана. Раскажува дека семејството и дава голема поддршка. Спакував два куфери, ги зедов омилените книги и таму почнав од нов живот. Семејството е вистинска потпора. Среќна сум што постигнав успех. Но сум и носталгична. Недостасуват роднините, пријателите…. Никогаш нема сум задоволна со малку. Имам секогаш уште и уште амбиции. Па и во Словенија, во убава земја, која нуди нормален, стабилен живот – додава таа.

Наскоро ќе го снима филмот “Член” во режија на Митја Корн.

– Се радувам што ја добив главната женска улога во конкуренција од 1500 актери. Одлично се чувствував по изборот. Тоа беше потврда за квалитетот. Играме актери од другите балкански држави и само неколкумина Словенци. За старт се чекаат пари од Министерството на Словенија. Паралелно, работам на пренесување на љубовта кон театарот во школата за глума на средношколци од прва до четврта година. Правиме одлични претстави. Имам две групи од по десет деца. Работата со деца е убава. Една од најблагородните. Ги учам колку е убаво да се биде актер, дека тоа е привилегија, оти секој нема можност да биде актер. Тоа живот во кој секоја вечер си друг, со перики, маски, се оживува лик час и пол на сцена, а потоа повторно да се вратиш, да бидеш Андријана. Магија е, возбудлив живот – истакнува актерката.

За Бошкоска нема разлики во глумата, режијата меѓу Словенија и Македонија.

– Слично функционираме. Разликите се организациски, финансиски. Многу повеќе пари се одделуваат за култура, за театарот. Повисоки се актерските хонорари – вели таа.

Од мала правев детски претстави

– Од мали нозе сакав да читам книги, драми. Да се внесувам во ликовите. Да правам детски претстави. Постојано нешто дома изведував. Најголем виновник за мојата одлука да бидам глумица беше Билјана Беличанец. Бев воодушевена од нејзината глума. Дефинитивно одлучив за професијата. Влијание имаше и Синоличка Трпкова – вели Андријана Бошкоска – Батич, која има желба повторно да игра во прилепскиот театар.

Loading