КОРЗО – ЈУНАЦИ

Трета лига

В недела (10 ч.) на Градски е дерби на последното коло, Корзо – Победа јуниор. Претходно, Победа го начека Борец со 7-0, а вистински јунаци се од Корзо, по ремито 0-0 кај фаворитот Бабуна во Велес. Голманот Дејан Настески спаси пет гола, а сите одигравме машки. Имавме и неколку опасни контри. Тие беа шокирани на крајот, но подадоа раце. По враќањето славевме до полноќ со претседателот Панде Трајчески – вели Срѓан Васиќ, десен бек.

Резултати: Млекар – Вардар 1-3, Младост – Илинден 7-1, Д. Езеро – Партизан 3-2, Превалец – Г. Коњари 2-1.

Табела: Победа ј. 38, Бабуна 33, Младост 33 бода.

Loading