ЖИТО ПРИЛЕП ФАВОРИТ ВО ВЕЛЕС

Жито Прилеп е во силен налет и се очекува сигурна победа в сабота во Велес, кај Леов бартек. По триумфот над лидерот Металург, сите други ривали се аутсајдери. Минатиот викенд падна Фон во Струга со 28-36. Комплетни одиме на дуел. Бараме максимум заложба од сите девојки – велат од Ж. Прилеп. Тренерот Ристо Магдинчев им дава можност на сите ракометарки. Се разигруваат Туцо, Ѓорѓиевска, Аџулеска… Нема повреди кај Папуџиева и Гичева. Засилувањето Петковска е ефикасна. Формата се држи високо. Планот е три бода од Велес – порачуваат од Ж. Прилеп. На табелата се издвојуваат Металург и Ж. Прилеп по 27 бода.

Loading