ЛУКАС ПАК ОДЛИЧЕН

Карате

Секој викенд носи успех за КК Лукас на Ахил Јаков и Златко Настески. На турнирот од КК Металург во Скопје, освоени се седум медали. “Златни” се Стефана Стојаноска, Звонко Николоски, Симеон Мерипушкоски во кати, Константин Василески во борби, како и машкиот ката тим (Давид Цветкоски, Константин Василески, Звонко Николоски). Супер силен турнир. Повеќето клубови носеа по 40 каратисти, а ние со шест сме трети – задоволен е Јаков. Учествувале гости од Бугарија, Албанија, Србија, Црна Гора и Косово.

Loading