ИГРАЛ ЗА ХАЈДУК, НАВИВАЛ ЗА ЈУГОСЛАВИЈА

Борка Мигачо

Борка Конески – Мигачо уште меѓу двете светски војни бил запален навивач. Секоја недела дома и на гости, со многу сограѓани ја бодрел Југославија, најдобриот прилепски тим. Го формира Орде Кебапчијата во 1925 година. Голман беше Љубен Куситасе, бек Сливјано, центархалф Тутара, лев бек Дебрешко, халфови Рампо Џимпиро и Војне, крило Беќаро Србинот, средина Талата, Ветаџока, напад Виктор, Аџемо, резерви Трајко Улајо, Мечако, Тоце… Во 1941 се растури и се основа Гоце Делчев – се сеќава Мигачо. Навивал за Југославија, а играл за Хајдук. Таму биле помладите, надежни фудбалери од градот. Во недела околу игралиштето се собираше народ. Секој меч беше празник – раскажува Мигачо. Есенва речиси не пропушти дуел на 11 Октомври и Победа. Мигачо со 94 години, веројатно е најстар навивач на Балканот.

Loading