“ТАНЦ” ЗА ГЛАНЦ

Есенска сончева идила на плочник. Зраците сé уште ја позлатуваат природата, а мермерното белило не им пречи на двајцата неуморни старци, со четката в раце, да чекаат муштерии за светнување чевли. Заличуваат обувки со малку боја, малку масло, со сунѓерче или четка. Луѓето ги знаат мајсторите на фотографијава. Неуморни, и зиме, и лете. Денар дома да посеат, се греат во кофа со жар. Како да немаат мака. Од рани утрини “фаќаат парче леб”. Со кремче светнуваат чевел, во грчевита борба низ занаетот древен. Се плаќа 20- 30 денари. Што е тоа за маката да се наведнете да ги врзете чевлите или да си ги исчеткате дома. Посебно, ако сте како Буцко полнички, услугата е европски лек. “Инвентивните” чистачи, откриле дека и низ вагата за мерење на тежина се вади некој денар фазла.

Loading