БИТОЛА ОСВОИВА ЗА УЛТИМЕЈТ БАСКЕТ

Кошарка

Утревечер е прволигашкото соседско кошаркарско дерби, Пелистер – Ултимејт баскет. Домашните одат на втора, гостите на петта победа. Очекувам борбена и дисциплинирана игра. Претстои неизвесен меч – вели Панче Милевски, тренер на У. Баскет. За Пелистер играат ланските првотимци на У. Баскет Петковски, Николов, Јанкуловски, Захариевски и прилепчанецот Талески. Во У. Баскет е битолчанецот Ѓорѓиевски. Тешко, соседско дерби. Богатство е и победа од поен разлика – смета Милевски. Претходно загубија, Пелистер на гости од Работнички (84-60), а У. Баскет дома од МЗТ (72-92). На табелата води Фени со 16, У. Баскет е петти со 12, а Пелистер последен со девет бода.

Loading