ДВАЈЦА ПРИЛЕПЧАНИ ПО ТИТУЛА

Борење

В недела (10 ч.) во Универзална е Државното кадетско првенство во борење, слободен стил. Клубот “7 Мај Леов” има амбиција да е добар домаќин, но со освоени медали. Планот е првата титула државен првак. Редно е да ја добиеме првата титула. Кандидати се Мартин Стојаноски до 50 и Емил Николоски до 85 килограми. Домашниот терен е обврска. Тренерите тактички ќе се надмудруваме со ривалите, меѓу кои е легендата Трстена – најавува тренерот Сашо Игнатовски. На еден душек ќе се борат 70 борачи од 10 клуба.

Loading