СИТО КАКО РЕШЕТО

Ближи 70 години Нешад Мемишоски. Му летнале, правејќи сита дома. Вели дека “произведува” по 20, а потоа одмара. Покрај рачно, користи и машина. Материјалот му доаѓа од Урошевац – Косово. Специјална челична жица и буково дрво. Измазнето со сапун, го пуштал во машина која однатре му прави и рецки. Како белези. Го сретнавме на пазар. Продавал и во Битола. Ретко освојува другите пазари, иако на секое домаќинство му треба сито. Не бидува куќа без сито и без брашно. Секоја домаќинка в село има потреба за сеење. Тоа е сад и за фурни, пекари, фирми каде се печи , обработува брашното – забележува Мемишоски. Го знаат Мемишоски, зашто бил единствен кој долго го одржал реткиот занает, кој го имало во Словенија. Ситарството му било аманет од дедо прадедо. Кроеле, составувале сита, слични на дајрето. Идеален производ за старите баби. На кои рацете им се тресат, па не мора да поттропнува со рака од страна да сеат брашно. Зашто, не е лесно да се сее на синија, маса или во тепсија. Со занаетов сум 50 години. Имам работа. Ги нудам по 400, 500 денари, зависно од големината. Поголемите, фурнаџиските ги продавам по 1400 денари. Излегува за мастравот дома. Се живее – кажува Нешад, обидувајќи да убеди домаќинки да го купат. Сита се правеле и од чам, но пластифицираните жици се полесни и попрактични. Нешадовите, добро дробат и тесто за тарана, која обично старите ја правеле на решето.

Loading