ЗАТВОРЕНИ ОТКУПНИ ПУНКТОВИ

Тутунот не е готов да се стави на кантар за мерење и проценка, но и откупувачите доцнат со подготовки за старат на кампањата во законскиот рок

Откупот сепак ќе стартува во почетокот на декември

На 15 ноември немаш отворени откупни пунктови за тутун, покрај најавите дека откупната кампања на годинашниот род ќе се отвори на во законскиот рок. Сепак, се очекува откупните станици да се отворат во почетокот на декември, до кога инспекциите ќе даваат изим за задоволување на законските услови. Последниот рок за почеток на откупната кампања е 15 декември. Но, традиционално, динамиката на откуп се интензивира после божикните празници. Сончевото ноемвриско време ја задоцни сезоната на домашна манипулација, оти тутунот сé уште природно се суши на секлињата.

Повисоки цени за повисоки трошоци

Сојузот на тутунските здруженија објаснува дека тутунарите доцнат со домашната подготовка, поради поволните временски услови. Некои од откупувачите најавија дека ќе ги подигнат мострите. Потоа инспекторатот за земјоделство треба да даде виза за задоволување на законските норми за откупните станици. Еден откупувач најавува откуп од 25 ноември. Не е сигурно, туку е неизвесно – вели Данчо Милески, секретар на Сојузот на тутунски здруженија од Прилеп. Тутутнарите бараат и зголемување на цените по класи. За прва, тутун да биде 250 денари за килограм, за втората 200, а за трета класа 170 денари. Трошоците за производство се качија за 30 проценти. Засега нема одговор од откупувачите – вели Милески. Тутунарите се жалаат дека не само времето, туку и откупувачите не им дале саргии. Имаме договори, но откупните фирми не даваат уште саргии. Не се пегла тутунот. Згора и времето не е погодно. Тутунот уште го нема фатено саглам влага да биде подготвен за калапење – вели тутунар од Варош. Се проценува дека околу 12 илјади семејства на тутунари од прилепско годинава произведоа околу 15 илјади тони тутун. Површините и приносите се за најмалку 30 отсто поголеми од лани. Стручнаците проценуваат дека квалитетот на родот е на високо ниво и се смета за една од најквалитетните берби. Откупот ќе почне порано, од крајниот рок 15 декември. Откупувачите со лиценци, ќе ги земат мострите да започнат со откуп. Тие располагаат и со бонитет. Тука е вклучен и Тутунски комбинат, кој склучил договор со друг откупувач да се вклучи оваа сезона. Цените ги утврдува пазарот, односно меѓусебните односи на тутунарите и откупните претпријатија. Начинот на откуп се потврди како добар за да нема проблеми како со откупот на другите култури. Производителите се сигурни дека ќе се преземе и плати родот, а фирмите се безбедни дека кампањата ќе мине во фер атмосфера. Не треба да се менува овој метод на откуп, туку само да се зголеми конкуренцијата и да се зголемат цените со нови откупни компании. Нема многу тутунари без договори, зашто се евидентирани за откуп повеќе количества, отколку што реално има род – рече Перица Ивановски, заменик министерот за земјоделство. Девет фирми ќе откупуваат тутун во прилепско. Откупувачите ќе им “набројат” на тутунарите околу 50 милиони евра. Производителите очекуваат стимулација од по 60 денари од килограм. Тоа ќе ја “чини” државата околу 15 милиони евра.

Се чекаат кинези по тутун

Помина е една фаза од процесот за пробивање на македонскиот тутун на кинескиот пазар. Заменик министерот за земјоделие Перица Ивановски потврди дека се контактирало со Кинезите за пласман на македонски тутун. Македонскиот тутун може се продаде на кинескиот пазар, ако се обработи термички или две години да одлежи да се провери дали има штетни организми. Тоа се условите за потенцијалните македонски извозници. Во втората фаза се контактираше со кинеската амабасада да ја охрабри единствената кинеска компанија, која увезува тутун, да купува македонски тутун. Испратен е допис и се чека одговор – рече Ивановски.

Loading