ПРОМОВИРАН “ЖИВОТ СО ПАТРДИИ”

Во Скопје

“Живот со патрдии”, најновиот роман од Мирјанка Р. Селчанец, вчера беше промовиран во НУБ во Скопје. Публика се запозна со делото посветено на животот и творештвото на македонскиот писател и драматург Миле Попоски, автор на многубројни драми. Селчанец вели дека романот го создала низ годините на дружење со Попоски. Од нејзиното перо досега произлегоа четири книги за деца, два романи за деца, три монодрами и четири романи, меѓу кои Трилогијата “Прилепчанки”, “Маргарита” “Анка” и претпоследниот “Насадена љубов”. Пишува и песни, раскази, патеписи.

Loading